Британската премиерка Тереза Меј денеска изјави дека ќе поднесе оставка пред следната фаза на преговорите за Брегзит. Иако таа не го објави датумот кога ќе ја напушти функцијата, повисоките членови на Конзервативна партија ја почнаа трката кој ќе ја замени.
Меѓу конзервативците кои сакаат да ја сменат Меј се тројца поранешни министри во нејзината Влада – поранешната министерка за труд Естер Мекви (51), поранешната министерка за внатрешни работи Амбер Руд (55) и поранешниот шеф на дипломатијата Борис Џонсон (54), како и поранешниот министер за Брегзит, Доминик Раб (45).
И неколку актуелни министри сакаат да ја заменат Меј, меѓу кои и министерот за надворешни работи Џереми Хант (55) и министерот за здравство Мет Хенкок (40).
Како кандидати се спомнуваат и заговорниците на Брегзит – Андреа Лидсом (56) и Мајкл Гоув (51), поранешниот дипломат Рори Стјуарт (46), поранешниот банкар Саџид Џавид (49) и Грејам Брејди (51) претседател на Одборот на конзервативните пратеници.
Comments are closed for this post.