Од денеска Африм Гаши, Неџбедин Каремани и Реџеп Мемеди не се повеќе дел од парламентарната група БЕСА, туку се пратеници на Алтернатива.
Оваа информација е потврдена и од извор од Собранието, каде што за оваа промена биле информирани од пратениците.
Сега БЕСА има два пратеника, а Алтернатива три. Со оваа промена парламентарната група БЕСА повеќе не постои.
По судската одлука и регистрирањето на Алтернатива во Централен регистар, поранешната партија и официјално се подели на два политички субјекта Беса предводена од Билал Касами и Алтернатива предводена од Африм Гаши.
Comments are closed for this post.