Почнаа градежните работи за доградба на мостот на којшто требаше да биде изградено панорамското тркало. Засега, на градилиштето околу мостот има само неколкумина работници, коишто го подготвуваат теренот, но според информациите, во скоро време ќе има значително интензивирање на работите.
Според одлуката на градските власти од април годинава, мостот ќе биде дограден, но со променет изглед од првично замислениот.
Поточно, нема да има панорамско тркало, туку висечки кабли од веќе изградените столбови и наместо барокни елементи ќе има проѕирна ограда низ која ќе може да се гледа Камениот мост.
Пресинг ТВ на терен, ви доловуваме до каде се градежните работи.
Со таквата измена на плановите, како што соопштија од градот во април, ќе бидат заштедени околу четири милиони евра, односно наместо да се доплатат уште седум милиони, завршувањето на мостот ќе чини 3,1 милиони евра.
Претходно, во тој проект веќе беа вложени околу 10, од првично планираните 18 милиони евра. Еден милион од тие пари беа донација од Агенцијата за електронски комуникации.
Comments are closed for this post.