Купопродажната зделка на Телеком Албанија заврши, откако бизнисменот Спас Русев и неговиот партнер, претприемачот Елвин Гури, ја платија договорената цена од 50 милиони евра. Информацијата на инвеститорите им ја соопштил досегашниот сопственик на албанскиот оператор-грчката ОТЕ Груп, која е под контрола на Дојче телеком.
Зделката е завршена една година по започнувањето на процедурата за продажба на вториот по големина мобилен оператор во Албанија, кој има 1,8 милиони претплатници.
Албанскиот телеком е веќе во сопственост на новоформираното друштво Албанија телеком инвест. Во него, акционери се Спас Русев со 65 и Елвин Гури со 35% од капиталот. Зделката е реализирана преку албанскиот клон на Прва инвестициона банка, а за нејзино официјализирање се чекаа регулаторните одобренија на антимонополските органи во Тирана.
Така мнозинскиот сопственик на најголемиот телеком во Бугарија (БТК), Русев, доби уште еден оператор и пројави амбиции за создавање регионален играч, кој во следната етапа би можел да го привлече интересот и на поголеми стратешки инвеститори.
Дојче телеком бара излез од пазарите во Романија и Македонија, а Русев веќе отворено пројави интерес за нив.
Ова е прв чекор во мојот обид за консолидација на балканскиот телеком пазар. Продолжуваат преговорите со Дојче телеком за нивните друштва во Романија, каде заради обемот на зделката ќе учествувам со партнер, а во следната етапа претстојат разговори и за Македонија, изјави Русев за софиски „Капитал“ во текот на јануари.
Според непотврдени информации, процедурата за мобилниот оператор во Романија е веќе започната и Русве има поднесено и понуда, но во моментов не се знае кој е неговиот партнер.
Comments are closed for this post.