Најновиот член на британското кралско семејство за прав пат се појави во медиумите. Принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл го покажаа два дена по неговото раѓање.
Мајчинството е магија…Неверојатно е, крај себе ги имам двајцата најдобри мажи во светот, изјави принцезата Меган, забележливо уморна, но насмеана.
Според неа, бебето засега го има „најслаткиот карактер“ и е многу мирно.
Принцот Хари, кој за време на средбата со медиумите беше премногу возбуден и буквално не го фаќаше место, изјави дека тој и неговата сопруга како родители ќе се менуваат секој ден.
Родителството е одлично, подвлече тој, истакнувајќи дека бебето личи на него и има „мала брада“.
Обајцата ќе им го претстават свој син на своите родители.Тој треба да е седмиот по ред наследник на британскиот трон. Многу скоро ќе биде објавено и неговото име.
Comments are closed for this post.