Температурата во Медитеранот е крената на точка на вриење откако Турција објави дека ќе продолжи со проектот за дупчење на морското дно во појасот на Кипар, потег кој го испровоцира кипарскиот претседател да соопшти: „Ова е втора турска окупација на Кипар“.
Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, изјави дека Анкара ќе дупчи „во рамки на континенталниот појас“. Прашан да го коментира протестот на Кипар во кој се истакнува дека е против намерите на Турција да дупчи во кипарската зона, Чавушоглу се повикал на изјава на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, кој рекол дека „резервите ги делат двата народа на Кипар (грчкиот и турскиот н.з,)“.
За Турција и кипарските Турци економската зона објавена од кипарските Грци и администрацијата на јужен Кипар, или потпишана со друга земја, не е валиден“, соопшти Чавушоглу, пренесуваат грчки медиуми.
Ќе продолжиме без колебање“, истакнува турскиот шеф на дипломатијата и притоа додал дека должност на Турција е да ја брани Република Северен Кипар.
Според последните информации, Анкара и покрај стриктните предупредувања од ЕУ и од САД објави дека ќе испрати воени бродови во зоната каде се укотвени машините за дупчење со цел да спречи какво било нарушување на поморскиот простор.
На ова реагираше кипарскиот претседател Никос Анастасијадес кој турските маневри во Медитеранот ги спореди со „втора турска инвазија на Кипар“.
Akdeniz’deki kuşatmanın asıl hedefinde Türkiye var. ABD/Batı ittifakı, Yunanistan ve Kıbrıs üzerinden Türkiye’ye Akdeniz’de gözdağı vermek istiyor.
Rumlar’ın Karasularımızda doğalgaz aramak istemesi ve Yunanistan’ın saldırgan tavrı Batı ile danışıklı dövüştür.
Akdeniz’e Dikkat!!! pic.twitter.com/xxDTxRmx6k— Murat AKAN (@yazarmuratakan) June 20, 2018
Comments are closed for this post.