Во унгарскиот град Кечкемет се одржа конференција на која минатиот викенд се сретнаа претставници на медиуми од 7 држави.
Настојувањето иницирано од Маѓарепиток и групацијата Регон има за цел да создаде европска мрежа на врски, која ги користи можностите за соработка. Намерите на организаторите во основањето на иницијативата е да им помагаат на медиумските работници и градежните компании да се приклучат на Алијансата за да се поврзат и да се воспостават канали за комуникација.
На настанот се обрати државниот секретар Ласло Моцоци, кој го претставуваше унгарскиот министер за информатика и технологија, Ласло Палковиќ, покровител на конференцијата. Државниот секретар за транспортна политика истакна дека унгарскиот градежен сектор пораснал за 85 отсто во периодот од 2016 до 2018 година, а нејзиното учество во Бруто Домашниот Производ континуирано е во пораст.
Многу е важно да ги споделуваме информациите, за сите да се информираат за развојот на градежните сектори на земјите блиски до нашите граници, како и оние подалеку. Динамичкиот раст со кој секторот сега се соочува прави неопходни технолошки иновации, кои можат да се искористат во голема мера преку соработка од медиумите од одделни земји”, истакна Моцоци.
Учесниците на настанот потпишаа документ составен од 21 точка како основа за идна соработка. Со цел да се постигнат овие цели, беше создадена непрофитна организација. За прв претседател на новата организација беше избран Акош Шабо, главен уредник на Маѓарепиток.
Членки основачи на „Building Connections Media Alliance“ се:
• Маѓарепиток и групацијата Регон,
• Курир.мк и Алфа ТВ од Македонија,
• Стармулер Агентур од Австрија,
• Нова 24ТВ и Демокрација од Словенија,
• Вестник Строител од Бугарија,
• Агенда конструктор од Романија,
• Будивеј весник од Украина
Comments are closed for this post.