По бројните претставки поднесени од страна на владејачката Партија за правда и развој (АКП) на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, Врховната изборна комисија на Турција со седум гласа „за” и чертири гласа „против” донесе одлука за повторување на локалните избори во Истанбул.
Изобрите ќе се одржат на 23 јуни.
Најголемата опозициона партија во Турција, Турската Републиканска народна партија, соопшти дека одлуката околу повторно одржување на изборите во Истанбул укажува на „чиста диктатура“.
„Секоја победа против владејачката партија за Правда и развој е нелегална. Овој систем ја надвладува волјата на народот и го занемарува законот кој не е ниту демократски ниту легитимен. Ова е чиста диктатура“, напиша на Твитер заменикот претедател на опозициската Републиканска народна партија, Онурсал Адигузел.
Comments are closed for this post.