Денеска во Скопје, на 94-годишна возраст почина Ефтим Гашев, познат македонски публицист и пистаел, доследен поборник за независна обединета македонска држава и жесток противник на шовинизмите кон Македонците од соседните држави и на комунизмот.

Погребот на Гашев ќе се одржи утре во 12,30 часот на скопските градски гробишта во Бутел.

Ефтим Гашев, е еден од оние Македонци кои во перидоот на комунизмот се затворени и прогонувани од тогашните тајни служби, и се судени за идеите за обединета Македонија.

Гашев е роден во Скопје во 1925 година. Образованието го завршил во родниот град. Тој е еден е од членовите на Македонско национално движење – „Бунт“ организација основана во Скопје, на 30 мај 1938 година. Во 1945 година бил осуден на 12 години робија како македонист. Објавил затворски мемоари и три книги со афоризми. Напишал и неколку необјавени монодрами. Добитник е на неколку награди за афоризам. Објавувал и дневнополитички карикатури. Член е на Друштвото на писатели на Македонија. Тој е автор на книгите: „Сончогледи“, „Нашата кауза“, „Непокор“, „Аритмија“ и др.