Напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Килијан Мбапе е казнет со неиграње на три натпревари од француската Лига 1, информира прес-службата на фудбалската федерација.

Дисциплинската комисија на дваесет годишниот фудбалер оваа казна му ја изрече поради директниот црвен картон во финалето на францускиот куп против Рен (2:2). Така, Мбапе нема да игра со Ница, Анжи и Дижон.

Исто така е објавено дека комитетот отвори постапка против вториот напаѓач на ПСЖ, Нејмар, кој удри еден од навивачите при качувањето кон свечената ложа по завршувањето на натпреварот.