Претседателите на Турција и на САД, Реџеп Тајип Ердоган и Доналд Трамп денеска телефонски разговараа за турскиот предлог за формирање на заедничка работна група за плановите на Анкара за купување на рускиот систем за противракетна одбрана С-400. Ова не е со воодушевуање примено во НАТО Алијансата.
– Нашиот чесен претседател изнесе предлог за формирање на работна група за набавката од Руската Федерација на С-400 системите за одбрана, се наведува во соопштението од кабинетот на Ердоган.
Вашингтон тврди дека С-400 би можел да ги компромитира американските воени авиони Ф-35.
Според Анкара, работната група би можела да го процени влијанието на С-400 врз воените авиони.
Comments are closed for this post.