Откако се намали за околу 20 милијарди долари во 2018 година богатството на Марк Зукерберг повторно расте, соопштува Bloomberg.
Уделот на Фејсбук се зголеми за 49 отсто оваа година.
Акциите на Фејсбук забележаа раст за време на њујоршката трговија во четвртокот, зголемувајќи го нето богатството на Цукерберг за околу 4,6 милијарди долари. Доцна во средата социјалната мрежа ги објави резултатите за првиот квартал.
Така од почетокот на годината Зукерберг е побогат за 24 милијарди долари, повеќе од било кој друг во Индексот на милијардери на Bloomberg.
Цукерберг го надмина порастот на богатството од Бернар Арно, чие богатство се зголемило за 23 милијарди долари од почетокот на годината. Џеф Безос требаше да ги надмине и двајцата, ако не беше разводот со Мекензи Безос, со што го намали нето богатство со 36 милијарди долари овој месец.
Comments are closed for this post.