Во резерват зa проучување и зачувување на дивиот свет „Укутула“ во Јужноафриканската Република, се родија првите лавчиња, чија мајка беше вештачки оплодена. Тој потег го изведоа научници од Универзитетот во Преторија, а двете младенчиња, кои дојдоа на свет пред една недела, се во добра здравствена состојба.
Како што се наведува, научниците се надеваат дека оваа метода ќе овозможи опстанок на загрозените видови мачки, како што се тигрите, снежниот леопард и либерискиот рис.
„Тие се во секој поглед, совршени младенчиња. Среќни се, здрави и разиграни, а ние сме пресреќни“ изјавил сопственикот на резерватот, Вили Џејкобс.
Тој додал и дека на малите лавчиња им ги дале имињата Изабела и Виктор, по раководителот на проектот, Изабела Калеалта и нејзиниот веренк.
Comments are closed for this post.