Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во однос на протекувањето на нови „бомби“ во јавноста одговорноста ја гледа кај премиерот Зоран Заев. Нарекувајќи го воајер, рече дека неколку пати уште во 2015-тата бил предупредуван лично од него за последиците.
„Немам индикации кој ги објавува „бомбите“. Но знам дека во оваа држава имаше еден воајер кој што поминуваше часови во слушање на тие нелегално стекнати материјали. Тој воајер има име и презиме. Денеска е премиер во оваа држава. Тој воајер имаше реално шоу во 2015-тата кога ги објавуваше тие бомби, подгреваше очекувања во јавноста. Го предупредувавме уште тогаш, јас лично го предупредував за последиците кои што може да се случат од ова негово воајерско шоу и за жал македонската јавност е сведок на објавување на нелегално стекнати прислушувани разговори. Така што одговорноста е единствено кај овој воајер и кај никој друг“, одговори Мицкоски на новинарско прашање, за објавувањето на прислушуваните разговори.
Comments are closed for this post.