Џастин Бибер пред две години случајно со својот автомобил го прегази фотографот Морис Ламонта, кој се обидуваше да го фотографира, а сега од него ќе добие тужба.
Пејачот во траа прилика излезе од автомобилот и му помогна на фотографот, кој одлучи да не го тужи, но по се изгледа сега се предомисли.
Останав инвалид заради него. Емоционално сум оштетен и барам отштета“, се изјаснил фотографот во документите за судот.
Оваа изјава се разликува многу од тоа што за време на несреќата го кажа.
Здраво на сите. Ме прегази Џастин Бибер, зарем тоа не е нешто? Добро момче е. Мислам дека камионетот е малку поголем од него, бидејќи нема шанси да гледа пред себе. Како што кажав, излезе да ми помогне, беше сочуствителен, добар дечко е, несреќи се случуваат. За среќа, се добро се заврши. Излегувам од болница“, рече тогаш Морис.
Comments are closed for this post.