Од 1 мај, кога почнува и туристичката сезона во Грција, цената на грчкото гиро ќе биде 3 евра.

Оваа непријатна вест за оние кои ги сакаат грчкото гиро и кебапите во пита ја објави Асоцијацијата на грчките угостители, кои подготвуваат поскапување од 15 отсто.

Угостителите соопштија дека повеќе не можат да го издржат 30 процентното зголемување на цената на месото од 1 март, што директно ќе се одрази врз џебот на потрошувачите.