Капитенот на тимот, Антонио Валенсија сигурно го напушта „Олд Трафорд” по крајот на сезонаа, официјално ја објави веста менаџерот на Манчестер Јунајтед, која само ја најави во март.
Солскјер откри дека откако првиот капитен на тимот си заминува, ќе има задача во текот на летото да го избере неговиот наследник, откако ќе избира помеѓу четири опции.
„Ќе видиме кој ќе биде тука следната сезона и ќе го изберам капитенот. Антонио Валенсија си заминува сигурно. Значи ќе треба да изберам меѓу Ешли Јанг, Пол Погба, Давид де Хеа и Крис Смолинг. Ќе видиме кого ќе избера,, изјави Солскјер .
Еквадорецот помина десет години кај „црвените ѓаволи”, но во последнава сезона тој повеќе беше во „амбулантата” и одигра малку мечеви. Валенсија не се очекува да игра во црвениот дрес оваа кампања поради неговите проблеми.
Comments are closed for this post.