Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, покрај присуството на активностите од вториот ден од енергетскиот форум „Берлински дијалог за енергетска транзиција“, оствари оствари повеќе работни средби во Берлин.
Анѓушев, како што информира неговиот Кабинет, оствари средба со Валтер Дефа, специјален советник, номиниран од германската Влада, кој е задолжен за поддршка во планирањето и реализацијата на економските политики на Владата на Република Северна Македонија.
На состанокот се дискутираше за стратешките приоритети на Владата во насока на побрз и одржлив економски развој. Улогата на Дефа, како професионалец со долгогодишно искуство во Европската Комисија, е да помогне во модифицирање на Владините стратегии, политики и проекти за усогласување со европските стандарди и регулативи, како дел од реформите во процесот на отпочнување на преговори за членство во ЕУ, се вели во соопштението.
Вицепремиерот утринава се сретна со парламентарниот државен секретар во сојузното Министерство за економија и енергетика Томас Барајс и со копретседавачот на Мешовитиот упавувачки комитет за економска соработка помеѓу Република Северна Македонија и Сојузна Република Германија Хелге Толксдорф.
На средбата, како што се наведува, се разговараше за економската соработка меѓу двете земји, при што вицепремиерот Анѓушев потенцираше дека СР Германија е главниот економски партнер на нашата земја, со обем на трговската размена од над 3,6 милијарди евра. Во 2018, во споредба со 2017, бележи раст од над 15 отсто отсто. Извозот на производи кон Германија бележи раст од над 17 отсто, а вкупниот извоз во однос на увозот е трипати повисок, при што со оваа земја остваруваме највисок суфицит во трговската размена.
Соговорниците зборуваа и за активностите во рамки на Мешовитиот управувачки комитет, за интересот од германски компании за инвестиции во индустријата и во енергетскиот сектор. На состанокот е заклучено дека со Законот за финансиска поддршка на инвестициите, односно меркте од Планот за економски раст се овозможува сериозна поддршка за индустријата, за технолошки развој и внесување на иновации, а со тоа и повисока конкурентност на економијата во Северна Македонија, додека преку новиот Закон за енергетика се отвораат нови можности за инвестиции во обновливи извори на енергија, со што ќе се придонесе за заштита на животна средина и поголема енергетска независност, се вели во сооопштението од Кабинетот на вицепремиерот Анѓушев.
Comments are closed for this post.