Додека портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов држеше прес-конференција пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во позадина ечеше компилација од строфата „Каде е син ми Костадин“.
Инаку Костадинов побара од ВМРО-ДПМНЕ да каже колку чинат лустерите кои беа донирани.
Од овој луксузен дворец деновиве се вадат луксузни и вредни предмети и тие наводно се донираат под крајно сомнителни околности. ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски пред јавноста треба да кажат колку чинат и како се набавени скапите лустери? Дали и каде и во кој финансиски извештај ја пријавиле оваа луксузна набавка?“, рече Костадинов.
Додаде дека имотот бил замрзнат поради судски предмет пред надлежниот суд, а во ек на кампања не се дозволени донации.
Comments are closed for this post.