Кандидатите за претседател уште пред да бидат регистрирани учествуваа во активности на кампања, се наведува во периодичниот извештај на ОБСЕ и ОДИХР за претседателските избори.
Како што предвидува законот, кандидатите го прекинаа водењето кампања по својата формална регистрација, иако политичките партии продолжија да ги презентираат нивните програми, да ги критикуваат нивните ривали и да ги поддржуваат претседателските кандидати зад кои застанаа, се наведува во извештајот.
Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР забележува дека генерално, жените се недоволно застапени во јавниот живот, но дека женските права и родовата еднаквост сѐ уште не се пројавија како истакнати прашања во кампањата. Се писочува и дека Гордана Силјановска – Давкова се соочила со негативни родови стереотипи на социјалните медиуми, на пример коментари за нејзиниот изглед.
Во извештајот се дадени и препораки во однос на ограничувањата на правото да се биде избиран, ускратувањето на избирачките права врз основа на одземената деловна способност, за периодичните извештаи за финансирање на кампањата и законските ограничувања во врска со својството на подносител на приговори.
ОБСЕ/ОДИХР ќе ги покрива претстојните претседателски избори со вкупно 279 набљудувачи.
Набљудувачката мисија ја сочинува главен тим од 11 експерти со седиште во Скопје и 18 долгорочни набљудувачи кои од 20 март ќе бидат распоредени во девет тима низ целата држава.
ОДИХР дополнително ќе побара од земјите членки на ОБСЕ да обезбедат 250 краткорочни набљудувачи кои ќе дојдат неколку дена пред изборите.
Comments are closed for this post.