Маж по име Елвин Греј – Ел ги тужи продукцијата на шоуто „ World of Dance” и Џенифер Лопез која е судија во ова натпреварување.

Тој тврди дека иста идеја за шоу и испратил на танчерската ѕвезда Деби Ален уште во 2009 година, но таа никогаш не му одговорила. Кога неколку години подоцна се обидел да го патентира своето шоу, му било кажано дека „таков сличен проект веќе развиваат НБЦ и Џенифер Лопез.“

Според „ТМЗ засега не е познато како овој „шоу“ од рацете на Деби Ален стигнал во рацете на Џеј Ло, поради тоа што танчарката Деби не е барем официјално вклучена во проектот „ World of Dance”.

Греј- Ел сега преку судски пат бара оштета од 6,5 милиони долари , поради крадење на идејата за шоу.