Француската режисерка и пионерка на Новиот бран, Агнес Варда денеска почина на 90 години во Париз, по кратко боледување.
Варда е позната по филмовите „Клео од пет до седум“, „Вагабонд“, за кој во 1985 година беше наградена со Златниот лав и со Жако од Нант
Таа припаѓаше на Левиот брег на францускиот Нов бран, заедно со Ален Ресне, Крис Маркер и Маргарит Дурас.
Варда е најстарата личност која доби номинација за Оскар за животно дело минатата година.
Таа беше во брак со режисерот Жак Деми.
Comments are closed for this post.