Папата Франциско ја трга раката кога верниците се обидуваат да му го бакнат прстенот поради хигиенски причини, изјави портпаролот на Ватикан, Алесандро Гизоти.
Тоа е просто прашање на запазување на хигиената, одговори Гизоти.
Претходно, видеото на кое католичкиот поглавар ја повлекува раката пред верниците да го бакнат прстенот се прошири на интернет со брзина на светлината. Конзервативните католици го обвинија за потиснување на вековната традиција.
Pope Francis really doesn’t want anyone kissing his ring.
This from today, after Mass … pic.twitter.com/CZUO8ppNfo— Catholic Sat (@CatholicSat) March 25, 2019
Папата сака да ги прегрнува луѓето и со задоволство им дозволува да го бакнат прстенот, но кога станува збор за помали групи луѓе… Ако е среде толпа, има поголеми шанси од зарази, објасни Гизоти.
Папскиот прстен, којшто се носи на средниот прст на десната рака, е најмоќниот симбол на авторитетот на поглаварот на Католичката црква. Бакнувањето на прстенот е традиција која датира од пред стотици години и се смета за знак на почит и преданост.
Веднаш откако папата ќе почине, прстенот се уништува, со што се означува крајот на неговото владеење.
Comments are closed for this post.