Малкумина ќе се сетат дека за време на бомбардирањето на Србија во Белград се играше фудбал. Како знак на револт против агресијата од страна на НАТО, грчкиот клуб  АЕК од Атина дојде да одигра меч против Партизан.

Тоа беше гест на овие два клуба кои се сметаат за збратимени. Фудбалерите на дресовите носеа мети како симбол и негодување за тоа што се случува.

Погледнете како беше на стадионот на ЈНА во 1999 година.