Откако министерот за здравство Венко Филипче најави дека Брзата помош ќе се доопремува со осум комбиња од Министерството за земјоделство, пренаменети во возила за брза помош, претседателката на партијата Глас за Македонија, Солза Грчева, излезе со коментар на Фејсбук.
Каква мизерија! Наместо Министерството за здравство да ги поклони оние раскапани амбулантни возила на Министерството за Земјоделие за возење на зелки, тие се фалат дека луѓе ќе возат во комбиња за зелки.
Инаку сегашните возила на брза помош немаат најосновна опрема за прва помош. Ниту кислород, дури ни ќебиња.
Наместо да донесат закон за забрана на функционерски додатоци со астрономски суми и да купат супермодерни и опремени возила, тие одат уште еден век назад, напиша Грчева на Фејсбук.
Comments are closed for this post.