Застапникот на „Шкода“ и сопственик на фирмата „Авто Чачак“, Миленко Костиќ за „Вечерни новости“ вели дека постои можност во Србија да дојде фабриката на „Фолксваген“ од Украина.
Причината е што фабриката не ги дала очекуваните резултати во производството на различните модели на „Шкода“, која што е една од 12 најголеми производители на светот.
Костиќ тврди дека дел од менаџментот на „Фолксваген“ и „Шкода“ пред два дена се сретнале со него.
„Ме прашаа за просечната плата, за квалификациите на работната сила, за се поврзано со условите за работа“, изјавува Костиќ, кој додава дека „чад има, а дали ќе има и оган ќе се знае наскоро“.
„Факт е дека сме „во игра“, но конкуренција ни се и Бугарија, Турција и Романија. Во таа трка пресудна ќе биде понудата на државата, Германците ќе одат во онаа земја која им дава најмногу“, вели Костиќ.
Костиќ, како показател за доаѓањето на Германците, ја наведува инвестицијата на компанијата “Форверк”, која најмногу произведува делови за „Фолксваген”.
Comments are closed for this post.