Фирмата СВ Инвест пред само 2 недели земала тендер за Услуга од технолошко чистење на БТО системите во РЕК Битола во вредност од над 800.000 евра односно 49.560.000 денари.
Во 3 дена објавивме 3 тендери што ги земала фирмата СВ Инвест која инаку беше поврзувана низ медиумите со картелот на власт и тоа сите 3 тендери се во вредност од над 800.000 евра. За само неколку месеци фирмата СВ Инвест без работници, без механизација, без искуство зема тендери во вредност од над 2.4 милиони евра и тоа дел од нив договорени во 4 очи“, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
Од опозициската партија велат дека во претходните 2 тендери кои ги објавиле имало и сериозен сомнеж за криминал.
Требаше да дадат одговори дали се влијаело на менување на критериумите и дали можеби некој влијаел да баш фирмата СВ Инвест ги земи односно и бидат доделени истите тендери. Го охрабруваме јавното обвинителство, ревизорите и сите надлежни институции да спроведат соодветни истраги. За сите овие работи еден ден ќе се одговара“, вели Арсовски.
Comments are closed for this post.