Денеска почнува дистрибуцијата на гласачките ливчиња за реферндумот што ќе се одржи на 30 септември, в недела. Избирачкиот материјал се печати во печатницата „Киро Дандаро“ од каде што од утеинава се носи до 3.480 избирачки места во 80 општини ширум Македонија.

Тимови на ДИК ќе ги преземаат ливчињата и ќе ги доставуваат директно до општинските изборни комисии, кои пак според роковникот на ДИК се должни еден ден пред денот на одржување на референдумот да го предадат на избирачкиот одбор.

Право на глас на ова референдумско изјаснување имаат 1.806.336 гласачки ливчиња, запишано во Избирачкиот список. Болните, изнемоштемите, лицата во домашен притвор, затворениците и државјаните на Република Македонија во странство гласаат еден ден пред референдумот, односно на 29 септември.

Референдумското прашање гласи: Дали сте за влез во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот меѓу Република Македонија и Република Грција?“, а гласачите што ќе излезат на референдумот со заокружување со сино хемиско пенкало треба да се изјаснат дали се „за“ или „против“.

Гласањето на 30 септември почнува во 7 часот наутро и завршува во 19 часот.

ДИК првичните резултати од референдумот добиени по електронски пат ги објавува сукцесивно, а резултатите врз основа на податоците од записниците и целокупниот гласачки материјал од ОИК, во рок од 24 часа по приемот на записниците и целокупниот гласачки материјал од сите ОИК.

Резултатот од гласањето, ДИК го објавува во „Службен весник“ во рок од 15 дена од денот на одржување на референдумот.