Денеска на програмата е вечното дерби на македонската кошарка помеѓу Работнички и МЗТ Скопје.
Во меч од 17-тото коло на Првата кошаркарска лига, кој ќе се одигра во „Градски парк” од 17:30 часот, двата тима ќе излезат во битка за првото место на табелата. Работнички славеше во првиот дуел оваа сезона во Аеродром.
Актуелниот шампион објави дека денешниот натпревар ќе има хуманитарен карактер.
„Да навиваме и да помогнеме! Најголемото кошаркарско дерби Работнички – МЗТ, овој пат со хуманитарен карактер. Со секоја донација во кутиите поставени во салата, донирате за семејството Љотиќ кое го изгуби својот дом во пожар”, објави КК Работнички.
Comments are closed for this post.