По се изгледа дојде спасот за сите што имаат трауми од одењето на заболекар. Научниците октирија гел кој ќе нанесува на делот на забот кој има кариес и тој ќе се отстранува безболно.
Станува збор за ензимски гел кој овозможува остранување на кариесот без никакви инвазивни процеси и терапии. Гелот се произведува во лабораторија и многу лесно можат да го користат сите стоматолози.
Најпрвин треба да го исчистат забот и да стават памук околу целиот заб. Потоа се нанесува Brix 3000 на целиот расипан дел од забот и се чека 2 минути. После 2 минути се отстранува гелот заедно со кариесот и процесот се повторува повеќе пати додека не се исчисти целиот кариес. И што е најважно, нема да се користи друг инстумент.
Comments are closed for this post.