На саемот на автомобили во Женева главна ѕвезда беше автомобилот „Аурус“ со кој се вози претседателот на Русија, Владимир Путин. За него постои голема заинтересираност и веќе се испорачуваат првите нарачки.
Станува збор за вистински „бункер на тркала“, дел од програмата „Кортеж“, кој ги заменува германските автомобили што претходно ги користеле претседателите на Русија. Моделот со ознака ЕМП- 41231SB има турбомотор со 12 цилиндри и 850 коњски сили. Новиот блиндиран автомобил на рускиот претседател претходно успешно ги помина сите неопходни тестирања.
Comments are closed for this post.