Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска беше во посета на ОК ВМРО-ДПМНЕ Куманово, каде оствари средба со голем број на членови и симпатизери на партијата.
Мицкоски пред присутните истакна дека во моментот граѓаните се соочуваат со голем притисок и уцени од страна на актуелното раководства на владата на СДСМ и Заев нарекувајќи ги непотистичка и криминална влада. Според него нервозата кај Зоран Заев е поради стравот од губење на претседателските избори кои ќе се одржат на 21 април.
Од 21 април и формално отпочнува одбројувањето кога Зоран Заев практично и СДСМ ќе заминат во политичката историја. Затоа на 21 април ни е од исклучително значење за да можеме да ја вратиме Македонија онаму каде што припаѓа а тоа е на вистинскиот колосек, а не на колосекот кој што ја движи државата во бездна, вели претседателот Мицкоски.
Според Мицкоски целосен крах се случува не само на политички план, туку и на економски, потенцирајќи дека за жал граѓаните живеат во беда и сиромаштија поради неспособноста на криминалната влада на Заев и СДСМ.
Претседателот Мицкоски рече дека со победа на претседателските избори, ќе се отвори патот ВМРО-ДПМНЕ да побара предвремени парламентарни избори каде што пред граѓаните нема да ветуваат брда и долини туку реални проекти кои што ќе ги решат проблемите на граѓаните.
Нема од една страна да ги зголемуваме даноците, а од друга страна да креираме лажна надеж меѓу нашите граѓани, дека само што не дошол еден голем германски гигант да инвестира во Македонија. Не доаѓа тој со зголемени даноци. Нема да шетаме и да ги газиме дебелите килими по светските метрополи на балови, додека народот во државата едвај први со први скрпува. Немаме фирми, немаме семејни бизниси, немаме октоподи во рамките на семејството, имаме желба како Македонија да ја направиме честита, принципиелна, искрена и држава која што ќе се темели на вредности.
Тоа е нашиот завет пред луѓето, нагласи Мицкоски.
Comments are closed for this post.