Државната изборна комисија нема регистрирано дека некој од кандидатите за претседател предвреме ја започнал кампњата, изјави претседателот Оливер Дерковски.
Државната изборна комисија, Државниот завод за ревизија и Антикорупциската комисија денеска потпишаа за Меморандум за соработка во пресрет на претседателските избори.
Според Дерковски, кандидатите за претседател треба да бидат потврдени од ДИК до 21 март.
Дотогаш сите активности на кандидатите ќе се сметаат за партиски средби, а не како неофицијален почеток на предизборната кампања, која официјално започнува на 1 април, изјави Дерковски.
Рокот за собирање на потписи за кандидатите за претседател завршува на 9 март. Гордана Силјановска Давкова го прекинала собирањето на потписи откако се потпишале 16.000 граѓани.
Од саботата кандидатурата на Блерим Река за претседател ја поддржале 6.000 граѓани, за Амди Бајрам досега се потпишале околу 3.000 граѓани, но тој најавил дека ќе ја повлече листата за собирање на потписи. Потписи собираат и Филип Петровски, Господин Поповски, Јосиф Мирчевски.
За претседателските избори, само 400 граѓани од дијапсората се пријавиле дека ќе гласаат.
Comments are closed for this post.