Со 32 гласа „за“ Советот на Град Скопје ја усвои одлуката за основање јавно претпријатие за хуман третман на животни скитници, а новото претпријатие ќе го носи името „Лајка“. Одлуката ги подели советниците од власта и опозицијата.
Колку пари планира Градот да одвои? Финансиската конструкција ниту е спомната, ниту објаснета. Дали невладиниот сектор е информиран за ова? Никаде не се спомнуваат стручните лица од надлежните институции во државата, се пожали советничката Светлана Колариќ од ВМРО-ДПМНЕ.
Драгана Велковска од Левица рече дека како активист, ваквиот чекор го смета за позитивен.
Советничката Соња Клинчарска од СДСМ рече дека со ваквата одлука се гледа оти некој сака да им помогне на граѓаните.
Граѓани се жалеа дека се незаштитени. Сега не само јас, ами голема поддршка за ова има и од тие кои слушнале за ваквата идеја во јавноста. Не треба да бидеме скептици, рече Клинчарска.
Градоначалникот Шилегов рече дека „Вардариште“ е минато.
Не сум човек кој брза. Мислам дека е фер да дадеме шанса. Претпријатието ќе се самофинансира со тоа што ќе чува миленици на временски период за луѓе кои не се во можност да ги чуваат милениците“, појасни тој.
Во текот на 2018 година против Градот Скопје и ЈП Комунална хигиена поднесени се над 200 тужби за надомест на штета заради напад и гризнување од бездомни кучиња.
Новото јавно претпријатие ќе се формира од постојните служби што досега функционираа во рамките на јавното претпријатие „Комунална хигиена“.
Comments are closed for this post.