Премиерот Зоран Заев во вечерашното гостување на дебатата на телевизија Телма рече дека македонскиот идентитет е потврден со Договорот со Грција.
Ќе бидеме Македонци од Република Северна Македонија. Тоа е чувство, никој не може да ни го земе. Ќе се обратам во Парламентот на Република Северна Македонија, ама ќе зборувам за македонско девојче, македонска култура, за Македонски Брод. Никој повеќе на свет нема да не спори, сите не имаат признаено, рече Заев.
На поставено прашање од страна на публиката рече дека Уставот ќе претрпи четири промени, а тоа би поминало во Собрание со еден амандман.
Промените кои ќе треба да се направат доколку референдумот успее
1.Додавање на географска одредница
2.Преамбула за зајкнување на конститутивните елементи на државноста преку АСНОМ
3. Член-3 – Зајакнување на непостоењето на аспирации надвор од територијата на Македонија, односно неповредливоста на границите. Да биде како во уставите на сите земји членки на ЕУ
4. Член 49-останува грижата за дијаспората комплетно, но по стандардите на ЕУ, како што стои во земјите членки на ЕУ, појасни премиерот Заев.
Comments are closed for this post.