Лидерите на СДСМ и на ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети договорија заеднички настап на претседателските избори.Ова е исходот по денешната средба на двајцата партиски лидери по веќе нема никакви дилеми.
До петок треба да се знае кој ќе биде изборот кој треба да биде потврден на конгресот на СДСМ в недела.
Иако се сметаше дека односите меѓу коалициските партнери се нарушени поради седницата за имунитетот на Вељаноски, сепак во последен момент недоразбирањата биле надминати.
Се договоривме да излеме со заеднички кандидат и ова треба да стане стандард и во иднина и ќе биде во корист на граѓаните. Секако дека се разговара за имињата за кои се зборува во јавноста и во наредните денови ќе се одлучи за кандидатот. Ќе има средби и со други партии за и тие да се придружат на оваа добра идеја-изјави Ахмети.
Comments are closed for this post.