Од затворот во Шутка го информирале судот дека имало физички напад во скопскиот затвор, потврдија од судот за ПресингТв.
Од таму информираа дека утре судија ќе оди да констатира што се случува.
Во меѓувреме од затворот многу детали не откриваат, само не известија дека подготвуваат соопштение за јавноста.
Според нашите информации двајцата екс-министри кои бие приведени синоќа, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски денеска биле нападнати во затворот Шутка. Јанакиески се здобил со скршеница на раката, додека Ристовски завршил со пукната аркада. Двајцата се префрлени на Клиничкиот цента Мајка Тереза во Скопје.
Comments are closed for this post.