Иранските власти соопштија дека уапсиле 22 лица во врска со нападот за време на воената парада во градот Ахваз, за кој Техеран ги обвини САД и нивните сојузници во регионот на Блискиот Исток.
Идентификувани се и уапсени 22 лица, кои се вмешани во нападот во Ахваз. Во куќата која и припаѓала на петчлената терористичка група што го изведе нападот, се запленети оружје, експлозивни материјали и опрема за комуникација – се наведува во соопштението на иранското Министерсво за разузнавање.
Нападот се случи викендов кога вооружени напаѓачи отворија оган врз присутните на воената парада во Ахваз, организрана по повод одбележувањето на годишнината од почетокот на Иранско-иранската војна во 1980 година.
При нападот загинаа 25 лица, меѓу кои и 12 припадници на елитниот Корпус на револуционерната гарда.
Одговорност за нападот презеде џихадистичката група Исламска држава (ИД), но иранските власти тврдат дека зад него стојат САД и нивните регионални сојузници – Израел, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати.
Comments are closed for this post.