Премиерот Зоран Заев денеска потврди дека лидерот на Алијанса Зијадин Села ја откажал средбата во знак на револт поради тоа што се одмемени надлежностите на градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари.
Оставивме простор за комуникација.Јас работам и со самото министерство, законите мора да се спроведуваат. Во мојата потсвест е општината оти 12 години бев градоначалник и ме боли кога било која надлежност била одземена дали на Куманово или на Струга, Гостивар.Преку општините децентрализираните надлежности треба да бидат поблиски до граѓаните, но секако и законот мора да се почитува. Кога ваквите аспекти ги има самиот ресорен министер на мене останува да работам како премиер и на заеднички состанок помеѓу градоначалник и министер да изнајдам решение, рече Заев посочувајќи дека Гостивар е еден од поголемите градови во државава и оти нема да се дозволи политички разлики да бидат пречка за развој на која било средина.
Comments are closed for this post.