Синот на пратеникот Горан Мисовски се огласи преку фејсбук откако се повлече од работното место во Агенцијата за супервизија на осигурување. Вели дека одлучил да даде отказ од работното место во Агенцијата поради притисок од јавноста.
Во изминативе неколку дена јас и мојата фамилија бевме цел на јавни прозивки упатени во врска со моето вработување во Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО). Со чиста совест тврдам дека сите критериуми кои беа поставени во јавниот оглас за времено вработување во АСО на 12 месеци како соработник за супервизија на осигурување ги исполнувам во потполност. Бев повикан на интервју, а бидејќи немаше други пријавени кандидати на јавниот оглас за вработување, како единствен пријавен кандидат кој ги исполнува условите за времено вработување, бев вработен. Иако знам дека нема ништо спорно во врска со моето вработување, во смисла на прекршување на каква било процедура за вработување, сепак, чувствувајќи морална одговорност и под голем притисок на јавноста одлучив да поднесам отказ на работното место. Се надевам дека сега барем дел од јавноста ќе може малку да здивне и да почувствува мало задоволство бидејќи успеа преку притисок и хистерија да натера човек во државава да повлече потег кој е штетен за него, покажувајќи интегритет и дигнитет“, пишува Кристијан Мисовски, син на пратеникот Горан Мисовски од НСДП.
Лавина на реакции предизвика овој статус на социјалните мрежи.
Чак смо и хистерични https://t.co/jw2T6SPFMC
— Скрачи (@Skraci) February 20, 2019
Жал им било за роднините што мораше да напуштат работа!
Жаааал? Жал? Абе тие фамилии истите се вртат од 1945 год наваму што се умешани во политика. Прво дедовците нивни ги товевме со пари, па родителите нивни, па сега нив! Они се или во КПЈ или во СДСМ или во ВМРО!
Каков жал!— Виктор Стевич (@ViktorStevich) February 20, 2019
Comments are closed for this post.