Жолтите елеци денеска ги блокираа влезовите и излезите на рафинериите во градовите Донгес, Мулхаус и во Лонгвиц.
Во исто време демонстрантите го блокираа сообраќајот на неколку крстосници во Донгес, палеа гуми и побараа оставка од претседателот на Франција, Емануел Макрон
Демонстрациите во Донгес беа поддржани и од поединечни вработени во рафинеријата, а полицијата употреби солзавец за да ја растера толпата.
Општата конфедерација на трудот (ЦГТ), еден од најголемите синдикати во Франција, апелираше за поддршка на демонстрациите во Донгес.
Протестите на Жолтите елеци почнаа на 17 ноември 2018 година и прераснаа во најнасилнии демонстрации со кои се соочува Франција во последните неколку години. Во немирите за време на демонстрациите загинаа 11 лица, над 2.000 се повредени, а околу 8.400 луше се приведени. На затворска казна осудени се 1.796 лица.
Comments are closed for this post.