Новоизбраниот поглавар на неодмана прогласената Украинска православна црква, митрополитот Епифаниј Први денеска официјално ја презеде должноста во Киев.
Епифаниј Први (40) официјално ја презеде должноста во Соборната црква Света Софија во центарот на Киев, еден месец откако украинската црква се оддели од Руската православна црква.
На церемонијата присуствуваа и украинскиот претседател Петро Порошенко, како и неговата политичка опонентка Јулија Тимошенко.
Портпаролот на Руската православна црква свеченоста во Киев ја оцени како „патетична претстава”.
На почетокот од јануару вселенскиот патријарх Вартоломеј на украинскиот митрополит Епифаниј во Истанбул му предаде томос – декрет за афтокефалност, со кој новата Православна црква во Украина е независна од Руската православна црква.
За Руската православна црква Украинската православна црква е расколничка
Comments are closed for this post.