Постои интерес за влез на нови авиокомпании на македонскиот пазар. Либерализацијата на воздушниот простор и креирањето квалитетни законски рамки во билатералната соработка со голем број земји од Европа и од светот ја отвораат можноста за постојан влез на нови воздушни превозници на македонскиот пазар, открива Томислав Тунтев, директор на Агенцијата за цивилна и воздушна пловидба.
Со секој влез на нови реономирани авиокомпании на македонскиот пазар, граѓаните можат да очекуваат зголемување на конкурентноста, која ќе го поттикне растот на квалитетот на услугите во авиопревозот, а ќе ги намали цените на авиобилетите до голем број европски и светски деловни и туристички центри. Наша цел, како цивилна воздухопловна власт, е воздушниот транспорт да стане достапен за сите, под исти пазарни услови, со високо поставени критериуми на безбедност, сигурност и квалитет во услугите што се наменети за патниците и останатите корисници-вели Тунтев за МИА.
Comments are closed for this post.