Да се истражува и работата на поранешни функционери на ДУИ, како и актуелни функционери во Министерството за земјоделство, бараат од Алијансата за Албанците во своето соопштение.
Оттаму велат дека внимателно ја следат истрагата и обвинувањата за злоупотреба на земјоделска помош и издавање на државно земјиште на поранешни функционери на ВМРО-ДПНЕ во Министерството за земјоделство.
Ги охрабруваме надлежните органи за нивната работа за разјаснување на вистината преку целосна истрага на поранешни министри и зам.министри, како и други службеници во Министерството за земјоделство.
Сепак, ја изразуваме нашата загриженост како политички субјект што и овојпат истражните органи, Јавното обвинителство и Министерството за внатрешни работи, не поднеле никакво обвинение против функционери на ДУИ кои се или претходно биле високи функционери во Министерството за земјоделство, за можни злоупотреби како и нивно учество во коруптивни дејствија во сомневањата по истото обвинение.
Нашите сомневања говорат и за вклученост на функционери на ДУИ во слични коруптивни афери, особено во издавање на државно земјиште, каде што постои сомневање дека функционери на ДУИ и нивни блиски, добиле државно земјиште преку Министерството за земјоделство.
За да правдата и казнивоста не бидат селективни, ги повикуваме надлежните органи да ја вршат нивната работа согласно законот, и да не се прави исклучок за никого кој што злоупотребил државна функција-стои во сооштението.
Comments are closed for this post.