Јавниот обвинител на Република Македонија Љубомир Јовески денеска имал работна средба со јавната обвинителка Катица Јанева, на која било разговарано за начелното правно мислење од Врховниот суд во однос на работата на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.
На средбата беа разгледани состојбите и можностите за натамошно постапување по предметите по кои постапува Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите. Во тој контекст, Јовески и Јанева се согласија дека постапувањето по овие предмети ќе продолжи согласно позитивните законски прописи, се наведува во соопштението од ЈОРМ.
Од ЈОРМ информираат дека на состанокот станало збор за Начелното правно мислење донесено на општа седница на Врховниот суд на Република Македонија со кое е утврдено дека „Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите може да покрене обвинение или да нареди запирање на истражната постапка во период не подолг од 18 месеци од денот на преземањето на предметите и материјалите од негова надлежност…“
Comments are closed for this post.