Малите банкноти од 500 евра постепено ќе бидат повлечени од оптек, откако 17 од вкупно 19-те централни банки во еврозоната од денеска прекинуваат со нејзино издавање.
Единствено Австрија и Германија, кои во секојдневието се приврзани со парите, ќе продолжат да ги издаваат овие банкноти уште три месеци, до 26 април.
Банкнотите од 500 евра на шега ги нарекуваат „Бин Ладенки“ заради обвиненијата дека се користат од шверцери, бидејќи 1 милион евра во такви банкноти тежат едвај 2,2 килограми. Освен тоа, тие малку се користат во секојдневната употреба.
Заради нивната лоша репутација, Европската централна банка одлуката за повлекување ја донесе уште во 2016 година. Во текот на ноември, во оптек имало близу 521 милиони такви банкноти.
Comments are closed for this post.