Поради големиот број пријавени пратеници за збор во дискусијата во грчкиот Парламент за ратификација на Договорот од Преспа, гласањето за Договорот е одложено за в петок на 25 јануари.
Според информации од грчките медиуми, гласањето ќе се одржи во 14.30 часот во петок до кога треба целосно да заврши расправата на вкупно 205 пријавени пратениципо што ќе следува гласањето, односно ратификацијата на Преспанскиот договор.
Паралелно со жестоката дебата, особено на пратениците од опозициската Нова демократија, во центарот на Атина се организираа протести под засилени мерки на безбедност и присуство на голем број полицајци.
Comments are closed for this post.