Агенцијата за медиуми на утрешната седница ќе ја испитува сопственоста на телевизијата 1ТВ. Од Агенцијата за Пресинг ја потврдуваат оваа информација и велат дека постапката е покреата врз основа на член 34 од Законот.
Овој член ја третира сопственоста на телевизијата во делот на таен содружник. По тој основ е точката на дневен ред, вели Ивана Стојановска, задолжена за односи со јавност во Агенцијата за медиуми.
Радиодифузер не може да има таен содружник, односно таен содружник не може да учествува со
паричен или непаричен влог во радиодифузер, гласи членот 34.
Сопственик на 1ТВ е БМЈ Медиа Груп чии сопственици се Јасна Мандиќ и Јасна Ерцеговиќ, како и Миле Јовановски, татко на Бојан Јовановски кој во јавноста најчесто фигурира како сопственик на 1ТВ.
Comments are closed for this post.