Челичната индустрија ќе биде задоволна со било каква поддршка од владата за да го намали ударот од европските мерки за увоз на челични производи, откако земјава не успеа да издејствува да биде исклучена од овие мерки изјавија денеска на прес-конференција во Стопанската комора.
Директните штети на производствените капацитети ги проценуваат на 150 милиони евра, но уверуваат дека фабриките ќе продолжат со работа и дека нема да има отпуштање на вработени. Очекуваат и државата да понуди некакви мерки за ублажување на ситуацијата, иако сметаат дека нема многу механизми на располагање.
Ваквото ограничување, вели Кочовски, ќе има влијание на сите индустрии што се поврзани со нивното работење, односно сите снабдувачи на суровини, материјали, услуги транспротни услуги, енергетика и се дурго во ланецот на снабдување.
Мерката за ограничување на увозот на челични производи во ЕУ за наредните три години беа соопштени на 15 јануари.
Квотите стапуваат на сила од февруари и предвидуваат царини од 25% кои ќе се пресметуваат откако увозот ќе го надмине просекот од 2015 до 2017 година плус 5%. Владата уверуваше дека простор за паника нема и вети дека ќе разговара со Унијата за земјава да биде иземена од овие мерки, но досега без резултат.
Comments are closed for this post.