Ги отвораме вратите за избор на нов состав односно независна и професионална Државната комисија за спречување на корупција.
Со предлог законот се прошируваат надлежностите на Комисијата со цел таа да стане тело кое суштински, а не само декларативно ќе застане на патот и ќе и се спротистави на корупцијата во државата.
Македонија, има потреба од таква силна независна институција.
Имајќи ја предвид важноста, но и итноста од нов состав на антикорупциската комисија, овој Закон пред пратенците ќе се најде по скратена постапка и со европско знаменце.
Очекувам, апелирам, ги повикувам сите пратеници да покажат дека се навистина против корупција и да го поддржат предлог законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси.
Крајно време е да запрат блокадите и деструкциите. Партиските интереси треба да се стават на страна. Независно, професионално и силно регулаторно тело кое ќе се бори против корупцијата е во интерес на целокупното општество.
Време е Македонија конечно да добие вистински силна и целосно независна Државна комисија за спречување на корупција
Така се гради држава по европски стандарди.
Comments are closed for this post.